vesti24.mk
ЖИВОТ ЗАБАВА ХОРОСКОП

Кои хороскопски знаци живеат најдолго поради тоа што воопшто не се нервираат?

ECA

Љубителите на хороскопот досега имаат направено голем број истражувања за да дознаат кои знаци ќе имаат долг и здрав живот. Ако сметате дека хороскопот и здравјето не се воопшто поврзани, размислете уште еднаш! Токму нашиот карактер и односот што го имаме со другите и самите себе може да влијае на нивото на стрес кој значително може да го скрати животниот век. Па, кои се тие хороскопски знаци кои не се нервираат воопшто, поради што живеат подолго од останатите?

На прво место е смирениот Рак. Според многубројните истражувања, најдолго живеат луѓето родени токму во овој знак, благодарение на нивната природа која некои би ја нарекле себична, а некои внимателна. Раковите добро се грижат за себе и своето здравје и секогаш се ставаат себеси на прво место. Важно им е што јадат, што пијат и дали добро се наспале. Тие се грижат за нивното семејство и сакаат да бидат здрави за да бидат што подолго тука за нивните деца.

По Раковите, доаѓаат Девиците кои се храбри, остри и не дозволуваат никој да си игра со нив. Девиците се уредни и грижливи. Исто како и Раковите, тие се грижат за своето здравје и поголема е веројатноста дека тие им предизвикуваат стрес на луѓето околу нив, отколку што тие самите се под стрес.

На трето место се наоѓаат Овните кои имаат некои слични особини со Девицата, но кај нив преовладува огромната волја за живот и желбата да си угодуваат самите на себе. Доколку забележат дека некој ги нервира и цело време им се спротивставува, тие ќе му покажат каде му е местото и без размислување ќе го отфрлат од нивниот живот. На тој начин се ослободуваат од токсичните луѓе кои им предизвикуваат стрес, а ги задржуваат оние вистинските.

Потоа следуваат Јарците (во Кореја најголем број од луѓето кои го доживеале 100-тиот роденден се припадници токму на овој знак), а според статистиката доста долго живеат и Скорпиите иСтрелците, но само затоа што роденденот им се паѓа на крајот од годината. Водолиите и Вагитеисто така се сметаат за долговечни, поради нивната флегматична природа.

Според сето ова, без разлика дали верувате во хороскоп или не, ако сакате да го продолжите вашиот животен век, почнете да се грижите за вашето здравје и не дозволувајте туѓото мислење да ве вознемирува и да ви предизвикува стрес.

извор:курир.мк

Loading...

Related posts