vesti24.mk
ЗАБАВА ЉУБОВ И СЕКС

Колку долго треба да трае „нормалниот” секс? Резултатот ќе ве изненади

ECA

Мислевме дека знаеме колку трае просечниот секс, меѓутоа, ново истражување покажа дека всушност не знаеме.

Научниците овие денови испитуваат секакви работи, па не е за изненадување дека се сетиле да го испитаат вечното прашање за тоа колку би требало да трае „нормалниот“ секс.

Бидејќи секој различно го доживува сексот и под секс вбројува разни работи, научниците одлучиле да се ограничат на времето од пенетрација на пенисот во вагината до ејакулацијата. Проблемот на ова истражување било тоа што луѓето претежно не го следат траењето на сексот, туку се преокупирани со други работи, па истражувачите не можеле само да го прашаат одредениот примерок на двојки колку им трае сексот.

Затоа, одлучиле да соберат 500 двојки кои морале да користат стоперка за време на сексот. Нешто пред самиот влез на пенисот во вагината морале да ја уклучат стоперката, а после ејакулацијата да ја запрат. Научниците така добиле многу различни резултати, претежно и поради овој несовршен метод кој доста влијае на самиот секс.

Резултатите се движеле од 33 секунди до дури 44 минути. Толкавите варијации во резултатите покажале дека не постои „нормална“должина на траењето на сексот, туку дека таа навистина варира од личност до личност. Од добиените резултати извлекле просек од 5.4 минути.

Освен тоа, извлекле уште неколку интересни заклучоци. Докажале дека користењето на кондоми не влијае на должината на траењето на сексуалниот однос. Исто така, забележале дека сексот во Турција трае многу пократко (3.7 минути) отколку во останатите земји кои учествувале во истражувањето (Холандија, Шпанија, Велика Британија и САД). Заклучиле и дека постарите парови имаат пократок секс.

извор:курир.мк

Loading...

Related posts