vesti24.mk
ВЕСТИ

Колумна на Латас: И, на крај, ќе ве чипираат

ECA

Не знам што треба да се деси па да разбереме дека имаме поплава, а водата е дојдена до гуша. На бродот сме сите, ако потоне до крај, потонал со секој од нас.

Ако и сликањето на Шекеринска пред знамиња на УЧК не ви е доволно да разберете со кого имате работа, спас за нас нема. Фатмир Дехари, во валкани пантолани, ја дочека министерката за одбрана и играше мајтап шетајќи ја пред знамиња на УЧК во државна институција, општина Кичево. Како стриптизета што ја донел во село за да издоминира пред другарите. А она не се опира, му се мести.

Сега имаат нов член, Рада Ал Багдади. Па тоа е како Хашим Тачи да се поклони на гробот на Слободан Милошевиќ, или протераните Срби од Книн на гробот на Фрањо Туѓман, и малку повеќе од тоа.

Рада се смеши пред знамиња УЧК, Заев се поклонува пред бугарските војници кои загинале овде во војна, владиката Партениј од Бигорски се моли за бугарската Егзархија… Фали уште по куќи да ни влегуваат и да ни ги земаат децата за јаничари, а ние да им посакаме среќен пат. Ние си ќутиме и гледаме сеир. Затоа оваа власт реши македонските деца да учат “мајчин“ јазик, а другите може да учат албански, турски, ромски… Ни ги спремаат децата за јаничари во некоја од невладините на Сорос кои Заев ги командува, за што добивме и признание од него лично.

Просто човек не сака да верува во ова што го гледа. Ова е самоуништување во серија, или масовно самоубиство како сектата на Џим Џонс во Гвајана. Најголемо масовно самоубиство во новата историја. Секта сме, или сме народ. Судот во Хаг пресуди против Грција, оној во Стразбур против Бугарија, само ние сами себе си пресудуваме на самоуништување. Да не беа Турците овде пет века да ни го сочуваат македонскиот јазик, денеска ни него немаше да го имаме.

Нормално, власт обожава народ под наркоза. Блага наркоза. Дезориентиран и незаинтересиран за својата судбина. Буден само до толку да може да се појави на избори, а после нека дреме, има кој да мисли за него. И, богами смислиле. Ете на 30.000 луѓе ќе им дале по 150 евра пред избори, а другите – на листа на чекање. Има ново ветување за нив, за следните избори, ама пари тогаш нема да има.

Смислиле најголем поткуп пред избори кој Македонија до сега го видела, но не пресметале со кој гнев ќе се појават на избори другите што нема да добијат 150 евра. Никој од нив не е говедо товено за кланица и понатамошна продажба да прифати дека треба да гласа за Заев, а да не земе пари како некој друг што добил.

Ќе биде интересно на 5 јули, на изборите, кога ќе излезат близу 800.000 преебани гласачи без 150 евра од државата и ќе се соочат со 30.000 наплатени од кои се очекува да ги заработат парите што им ги дал Заев за да гласат за него. И, што е најлошо, не им дава он негови пари – него ги зема од нас. Масовен поткуп со државни пари, и тоа сред Европа, пред очите на сите амбасадори.

Многу Македонци се согласија да бидат ставени во машина за мелење, сами рипаат во мелницата, не треба ни да ги тераш. Некои што уште не ги фатила наркозата ќутат и веруваат дека машината ќе се расипела, ама редот им доаѓа.

Деновиве владата решила да се приклучи кон експериментот за чипирање луѓе и контрола на раѓање од американскиот милијардер Бил Гејтс. Човек без школо и никакви знаења за медицина, биологија, хемија кој со своите стотина милијарди долари се игра со животи на луѓето низ светот. Ве прашал ли некој за ова?

А има ли некој, барем во Европа, кој е повеќе спремен за чипирање на живо од нас?! Па, после Заев, и откако проголтавме се што ни се случува почипирани од нас нема. Се чека само и официјално да не закачат на системот. Мајмуните и зајаците ги штитат организации за заштита на животни. Поефтино е да експериментираш со Македонци, нив не ги штити никој, а некои и самите се нудат.

Дека живееме во лабораторија, а не во држава, доказ ви е Венко Филипче. Каде, на кое друго место, тој опскурен лик би бил министер, па уште и кризен менаџер? Оној што монтираше лажна слика дека на внуката и дава вакцина, па после се испостави дека лажел. За таква превара се завршува на ѓубриштето од политиката, а не на министерска фотеља и управување со епидемиолошка криза.

Он бил невин, ние и полицијата сме криви што само кај нас се зголемува бројот на заразени и починати. Невин е он што има неограничена власт под вонредна состојба. Криви сме ние затоа што дишиме, а полицијата затоа што не изнела борни коли на раскрсниците па да ги дотепа оние што не ги утепал вирусот. Па они тврдат дека кризата поминала, укинаа мерки, и настрада народот. Полицијата е крива особено откако им најави кривични пријави за корупција.

Но, големи сте, си знаете и сами што правите. Или, како пијана шипарица, ќе се вадите дека не сте им дале туку ве силувале дрогирана.

Во време кога Заев лапа државни кредити како баклави за Бајрам, никој не го прашува каде заминале парите. Нашите пари. Милијарда евра ќе бидат до 15 јули. Он ги зема парите, а дали ние видовме нешто од нив. Не. На фирмите погодени со кризата им дава кредити. Пред избори ќе дели 50-60 милиони евра за покуп… а зема милијарда! Од 50-те милиони до милијарда евра има многу разлика.

И затоа му се брза за избори. Да ја скрие милијардата додека некои се радуваат на 150-те евра поткуп. И види сега, со кредитите на Заев само некои ќе земат 150 евра а секој од нас ќе треба да врати по 1.500 евра! Па ти види ја математиката.

По ова сами ќе израчунате и ќе видите колку Заев и Филипче добро ја менаџираат кризата. Ептен добро, ама за нив. Вие седете дома 66 дена и стискајте го новчаникот со камен во стомакот на прашањето што ќе биде утре. Не смеете да седите повеќе од двајца во кафана, ама седите по десет луѓе во иста канцеларија.

Најубаво се владее со народ кога ќе го фрлиш во страв и неизвесност. Тогаш му ја имаш под свое и душата, и умот и имотот. И правиш со него што сакаш. Ти викам ја, ние не живееме во држава, ние живееме во лабораторија.

И сега, откако добија нови 15 дена вонредна состојба, власт брз ограничувања, само во вонредна состојба при власт без граници можеш да ја поделиш милијардата евра како ти треба. Можеш и да го довршиш бизнисот со Бојко Борисов за отварање отровни рудници. Филипче проневери цела болница во Штип, ама замачка очи кога во Скопје деновиве отвори паркинг. Паркинг, еј!

На 12 мај владата издаде нови лиценци за марихуана, што е битно за решавање на епидемијата. И, ќе видиш, за некој ден нагло ќе снема заболени, се поделила милијардата, се смирила ситуацијата и може да одиме на избори.

Стево Пендаровски телефонски разговарал со Папата Франциск. Тоа бил многу важен разговор, којзнае што имале да си кажат еден на друг. Ние сме и така во состојба кога само Господ може да ни помогне, кога веќе се откажавме од своето право на избор, на отпор, на човечки лик, дело и достоинство. Ја прифаќаш ли и ти таа состојба на доброволна наркоза? Чипиран ли си веќе? Прифаќате ли Заев да ја стави цела држава во експеримент на еден милијардер кому му е досадно.

Првиот бунт се очекува од џепарошите по автобуси, се заканија дека ако продолжи обврската за дистанца од 2 метри ќе заминат во политичари. Ама, ќе се разочараат, таму конкуренцијата им е голема.

(Д.П. Латас, 01.06.2020)

Оригиналниот текст видете го на следниот линк.

извор:курир.мк

Loading...

Related posts