vesti24.mk
ВЕСТИ МАКЕДОНИЈА

Крводарителска акција во Кисела Вода

ECA

Здравствените работници ја блокираа наплатната рампа во Клиничкиот центар од 10 до 10.30 часот и не им дозволуваа да наплаќаат на сите што излегуваа од Клиниката. На денешниот протест против зголемувањето на цените за паркингот, тие побараа Град Скопје да се откаже од профитот секој ден за получасовната блокада.

„Рековме дека ќе ја блокираме наплатната рампа за излез, не сакаме да ги повредиме пациентите. Наша цел не е да се создаде метеж туку да ставиме до знаење дека сме понижени и повредени. Нема да дозволиме наплаќање на корисниците на паркингот додека блокираме. Не обезбедија дополнителни паркинг места, ние ќе им ја блокираме наплатата за која викаат дека не ги интересира, рече хирургот Горан Беговиќ, претседал на Синдикат на Клинички центар.

Тој кажа дека воопшто не се задоволни од она што се случува во здравството.

„Очекувавме промени, не сме задоволни од динамиката, затоа оваа иницијална каписла беше почеток за да нѐ донесе овде пред наплатната рампа“, рече тој.

Побараа Град Скопје да ја поништи одлуката, а Шилегов веднаш со одлука и договор да го даде паркингот.

„Министерот за здравство веднаш да ја организира ветената средба со премиерот, ветивте двојно зголемување на платите на здравствените работници, а на докторите специјалисти до 100.000 денари плата. Јас прв поверував во тоа, а свикавте прес-конференцја за зголемување од 5 до 10 проценти без наше знаење. Целата јавност разбра дека докторите добиле 10 процент повеќе, а сестрите и другите здравствени работници 5 проценти зголемување. Во меѓувреме некои си зголемија платите за 35 проценти без да одржат прес-конференции“, рече Беговиќ.

Блокадата и протестот продолжуваат секој ден во истиот период.

Loading...

Related posts