vesti24.mk
Uncategorized ВЕСТИ МАКЕДОНИЈА

Кривична пријава против поранешниот градоначалник на Неготино

ECA

Секторот за внатрешни работи Велес поднесе кривична пријава против Ванчо Апостолов, поранешен градоначалник на општина Неготино поради постоење основи на сомнение за сторено кривично дело „злоупотреба на службена положба и овластување“.

– Во периодот од 2014 до 2017 година пријавениот, како градоначалник на општина Неготино, спротивно на Законот за работни односи и Правилникот за плати, надоместоци на плати и други примања на вработените во општинската администрација на општина Неготино, на Д.Т., Ѓ.Т., М.Д. и З.Л., сите вработени во општина Неготино им наложил да извршуваат прекувремена работа од вкупно 1892 часа подолого од 190 часа годишно, со што на истите им овозможил да се стекнат со противправна имотна корист од 644.729 денари на штета на Буџетот на општина Неготино, соопшти МВР.

Loading…
Loading...

Related posts