Uncategorized

Кривична против 15 лица кои учествуваа во инцидентите

ECA

Кривична против 15 лица кои учествуваа во инцидентите – МВР ги препознало од видео снимките – петмина приведени
Основното јавно обвинителство Скопје ја известува јавноста дека до овој момент се идентификувани петнаесет лица инволвирани во нередите кои се случија во Собранието на РМ.

Министерството за внатрешни работи во своето соопштение вели дека до Основно јавно обвинителство се поднесе кривична пријава против 15 лицата – најкголемиот дел од скопје и по едно од Прилеп и Куманово поради постоење на основи на сомневање за извршено кривично дело “Учество во толпа што ќе спречи службено лице во вршење на службено дејствие“ а четворица од нив ги сомничи за учество во толпа кое ќе изврши кривично дело.

Врз основа на предгледани видео материјали и превземени оперативни мерки извршена е идентификација на горенаведените лица, и петмина од нив веќе се приведени. Покрај ова, МВР до надлежното ОЈО достави и посебно известување за организаторите на протестите за евентуалното натамошно постапување на обвинителството околу целосното расчистување на случувањата од 27.04.

СВР Скопје во консултација и соработка со Основното јавно обвинителство Скопје и понатаму презема мерки и активности со цел идентификување и документирање и на други лица учесници во настаните од 27-ми овој месец во Собрание на Република Македонија. Стои во соопштението на МВР.

И Основното јавно обвинителство преку соопштение до јавноста известува дека интензивно работи на расветлување на нередите во Собранието .

– Основното јавно обвинителство Скопје ја известува јавноста дека до овој момент се идентификувани петнаесет лица инволвирани во нередите кои се случија во Собранието на РМ.

Во Основното јавно обвинителство Скопје досега се сослушани поголем број лица, припадници на полицијата. Сослушувањата кои се во тек ќе продолжат во функција на целосно документирање на кривично-правните настани во Собранието.

kanal5

Loading...