ЗАБАВА МАКЕДОНИЈА

Лененото семе има моќен ефект за подобрување на нашето здравје- еве за што е корисно

ECA

Вклучувањето на лененото семе во нашата исхрана е многу корисно за нашето здравје. Тоа содржи многу хранливи состојки и киселини кои носат многу бенефити, но и спречување на различни болести.

Ова се најдобрите користи од ова семе.

Главната предност на лененото семе е тоа што е извор на многу хранливи материи и помага во превенција на многу болести, вклучувајќи го и ракот. Во лененото семе се наоѓаат многу киселини вклучувајќи ги линолилната или омега 6, олеинската или омега 3, палмитинската масна киселина и алфа линоленската киселина, позната како омега 3.

Омега 3 масните киселини заземата речиси половина од маснотиите во ленот.

Освен добрите мастни тоа содржи и витамин Б1, Б2, витамин Ц и витамин Е. Во него можат да се најдат и калциум, селен, бакар, железо, цинк, магнезиум, натриум, фосфор и калиум. Лененото семе содржи и природни влакна и лигнин, кој претставува силен антиоксидант. Овој фитонутриент му помага на организмот поради своите антиканцерогени својства. Посебно делува на ракот на дојката и дебелото црево, но и против различни вируси и бактерии.

Лененото семе е корисно за:

– намалување на килограмите

– превенција на мозочен удар

– стабилизирање на шеќерот во крвта

– превенција на срцеви заболувања

– намалување на болките во зглобовите

– намалување на ризикот од артритис

– забрзување на варењето

– подобрување на имунитетот

Лененото семе највеќе се препорачува за време на појадокот, но и да се додаде во различни супи, салати, леб. Една од најмоќните комбинации е ленено семе со јогурт за појадок. Може да се користи цело или пак да се сомеле.

извор:курир.мк

Loading...

Related posts