vesti24.mk
ЗАБАВА

Летувањето тргнало наопаку: Отишле на сладолед во Задар, па потрошиле грдни пари

ECA

Четиричлено семејство оваа година од Задар ќе понесе непријатна и грда слика.

Откако дошле на одмор и се сместиле, отишле во центарот на градот на сладолед, а потоа им се случиле неколку неверојатни ситуации.

-За непрописно паркирање добиле казна од 54 евра, потоа автомобилот им го земал пајак служба и тоа ги чинело 47 евра и дневна карта од 20 евра. Но, сепак тоа не е се. Кога сакале да земат пари од банкомат им била наплатена 40 евра провизија.

Од банкоматот подигнале околу 1.200 куни, што е околу 160 евра. Секако им преседнал и сладоледот и престојот во Задар и рекле дека се многу разочарани, раскажал за Морски.хр сопственикот на туристичката агенција која на Германците им го организирала престојот, Даниел Радет.

Тој оваа случка ја објавил на социјалните мрежи.

извор:курир.мк

Loading...

Related posts