vesti24.mk
ЗАБАВА

Лоши навики што го отежнуваат слабеењето

ECA

Во обидите за слабеење луѓето често се фокусираат премногу само на храната и на броењето калории и заборават дека резултатите се постигнуваат со менување на стилот на живеење, а не само на еден аспект на живеењето.

Наспроти сите ваши напори да се храните здраво и да вежбате, резултатите може да заостануваат поради овие лоши навики што ви го забавуваат метаболизмот:

Непостојан распоред на оброците

Една од основните работи што го забавуваат метаболизмот е непостојаниот распоред на оброците. Ако не ги јадете оброците секој ден во од прилика исто време, го збунувате вашето тело и го пореметувате метаболизмот. На тој начин вашиот систем за варење не може да го извлече најдоброто од здравата храна што ја јадете, а вие чувствувате надуеност или глад, иако „се храните здраво“.

Недоволно спиење

Сѐ почесто се потенцираат последииците од нередовното и неквалитетното спиење, а пореметувањето на метаболизмот е една од нив. Покрај тоа, ако не сте доволно наспани нема да имате енергија за вршење на физичките активности, што секако лошо се одразува на вашите напори да слабеете.

Предолго седење

Разни истражувања покажале дека ни интензивното вежбање од неколку часа не може да ги надомести негативните последици од непрекинатото седење, а една од нив е и забавениот метаболизам. На секои 30 минути станете и направете пауза со одење или барем со стоење за да ја подобрите циркулацијата, да внесете повеќе кислород и да ги раздвижите цревата.

Недоволна информираност

Кога ќе ви спомнат внесување на витамини и минерали, не помислувате веднаш на калциум, или барем не кога станува збор за правилен метаболизам. Но, овој минерал покрај тоа што е важен за одржување на цврсти коски, исто така е потребен за регулирање на метаболизмот.

Ако не сакате млеко или вашето тело тешко го преработува, калциумот може да го внесете преку конзервирана риба што содржи меки коски (сардини, лосос, скуша), кељ, бела репка, зелена салата, соја, семки од сусам, бадеми, ленено семе, мешункаст зеленчук, јајца…

извор:курир.мк

Loading...

Related posts