vesti24.mk
ЗАБАВА

Луѓето кои зборуваат во сон најчесто пцујат и го користат овој кус збор

ECA

Лицата кои страдаат од пореметување во спиењето многу често кажуваат негативни и навредливи зборови, покажа истражување во Франција.

Истражувањето, кое го објави Live Science, покажа дека луѓето во сон зборот „не“ го изговарале четири пати почесто отколку во будна состојба, а пцовките се користат 800 пати почесто.

Учесници во истражување кои страдаат од ваков тип на пореметување во спиењето, околу 230 од нив, се согласиле да им бидат анализирани периодите на спиење, како и речникот во текот на зборувањето, периодите на тишина, гласноста на говорот, љубезноста и насилниот јазик.

59 проценти од нив не зборувале разбирливо и најчесто станувало збор за невербално и неразбирливо мрморење, шепотење или смеење.

Кај останатите, кои зборувале појасно, поголемиот дел од она што го изговарале било со агресивна содржина.

Околу 24 проценти од говорот бил со негативна содржина, 22 проценти користеле навредлив јазик, а речиси 10 проценти го изговарале зборот „не“ во некој облик.

Се поставува прашањето, зошто сме толку негативни?

Една од теориите, тврди дека соништата се само симулација која им помага на луѓето да се подготват за заканите кои им следат во будна состојба.

Докторот Карл Базил, директор на отсекот за спиење и епилепсија на Универзитетот во Колумбија вели дека резултатите од ова истражување покажуваат дека зборувањето во текот на сонот е многу посложено од очекуваното и дека ја поддржува идејата дека постои „повисока функција на мозокот“ во текот на сите фази од сонот.

извор:курир.мк

Loading...

Related posts