vesti24.mk
ЗАБАВА

Луѓето кои читаат книги живеат подолго

ECA

Студија објавена деновиве во списанието Општествени науки и медицина открива дека луѓето кои читаат книги живеат подолго од оние кои не го прават тоа.

Истражувачите од Универзитетот Јеил тестирале 3.635 учесници постари од 50 години за нивните навики за читање. Испитаниците биле поделени во три групи – оние кои не читаат, луѓе кои читаат помалку од 3,5 часа неделно и такви кои читаат повеќе од 3,5 часа во текот на неделата.

Истражувачите ја следеле секоја група дури 12 години. Луѓето кои најмногу читале биле образовани жени со високи примања.

За време на истражувањето, утврдено е двете групи читатели, живееле подолго од оние кои не читале книги.

Читателите кои читале повеќе од 3,5 часа неделно, живееле 23 месеци подолго од оние кои воопшто не читале.

Истражувачите заклучиле дека животниот век може да се продолжи со едноставна активност како што е читањето.

извор:курир.мк

Loading...

Related posts