vesti24.mk
Uncategorized ЗАБАВА МОДА

Манекенката гордо ги покажала витките нозе и бујното деколте

ECA

Кога ќе помислиме на најпознатите светски манекенки и модели, едно од првите имиња кое нѝ паѓа напамет е Кејт Мос. Мос е една од најпознатите манекенки на деведесеттите години која и денес изгледа неверојатно.

Доказ за тоа е и нејзиното вчерашно појавување на модната ревија на Сен Лорен, за чија прилика Кејт носела впечатлив комбинезон.

Она што предизвикало големо внимание е што таа одлучила да облече комбинезон со многу кратки ногавици и со тоа докажала дека нејзината фигура е повеќе од импресивна.

Модната икона ниту овој пат не погрешила во својот стајлинг по кој е добро позната.

Манекенката го искомбинирала црниот комбинезон со долги ракави и кратки ногавици со златен ремен кој дополнително го истакнал нејзиниот струк. На нозете носела класични црни салонки, а изгледот го комплетирала со писмо-чанта.

Косата на Мос била исфенирана во нејзин стил, со благи кадрици, додека шминката ги истакнала нејзините очи.

Loading…
Loading...

Related posts