vesti24.mk
ЗАБАВА ЉУБОВ И СЕКС

Марихуаната навистина им овозможува подобри оргазми на жените

ECA

Ново истражување покажа дека употребата на марихуана пред секс двојно ги зголемува шансите за доживување повеќекратно задоволство кај жените.

Во новото истражување учествувале неколку стотина жени кои пушат и кои не пушат марихуана. Зошто марихуаната го подобрува сексуалното искуство сè уште е мистерија, но во изминатите неколку години научниците издвоија неколку можни објаснувања.

„Се верува дека доведува до подобрување на сексуалната функција така што ги намалува стресот и напнатоста“, наведуваат истражувачите во статијата објавена во магазинот Sexual Medicine.

Истражувањето го објави тим од Универзитетската медицинска школа во Сент Луис, при што биле  анализирани 373 жени. Околу 47 проценти од нив навеле дека пушат марихуана, а 34 проценти од таа група консумираат марихуана пред сексот.

„Повеќето жени пријавиле зголемување на сексуалниот нагон, подобрување на оргазмот, намалување на болката, но не и промена на лубрикацијата“, истакнуваат истражувачите.

извор:курир.мк

Loading...

Related posts