vesti24.mk
Uncategorized ТЕХНОЛОГИЈА

Масовната тужба против Google во Велика Британија поради следењето на корисниците на iPhone на Apple

ECA

Милиони корисници на iPhone го тужат Google кој би можела да го чини технолошкиот гигант неколку милијарди долари.

Дали Google ќе плати милијарди долари казна поради грешките од минатото во Велика Британија? Против Google е подигната тужба поради следењето на корисниците на уредите на Apple од август 2011-та до февруари 2012-та година.

Имено, Google без одобрување и знаење на корисницит ги заобиколиле поставките за приватност на веб прелистувачот Safari на Apple со цел да бидат собрани податоци на корисниците кои што се од голема важност за огласувачите.

Индивидуалните тужби против компанијата се обединети во една масовна тужба, па доколку од Google бидат прогласени за виновни, тогаш компанијата ќе мора да исплати казна од околу 4,4 милијарди долари на тогашните сопственици на телефоните на Apple – секој корисник би добил нешто помалку од илјада долари.

Адвокатите на организацијата Google You Owe Us која што ги застапува корисниците кои што ја поднеле тужбата на првото сослушување изјавиле дека Google собирале податоци за расата, физичкото и менталното здравје, политичките погледи, сексуалноста, општествениот стандард, финансиите, шопингот и локациите кои што биле најчесто посетувани и врз темел на тие податоци корисниците биле сместувани во различни категории со цел да има поефективно огласување.

Поради техниката за заобиколување на поставките за приватност на Safari, од Google во САД веќе исплатија милиони долари казни, а во Велика Британија казните ќе бидат далеку поголеми.

Адвокатите на Google, секако, не се согласуваат со оваа тужба и сметаат дека не е возможно да се заклучи на кои корисници влијаела праксата на компанијата за заобиколување на приватноста и тврдат дека нема докази дека приватните информации кои што дошле во посед на Google, завршиле и во посед на некои други компании.

Директорот на одделот за комуникации на Google во Велика Британија исто така за британските медиуми изјавил дека тужбата веднаш треба да биде отфрлена и дека бројни докази од страна на адвокатскиот тим на технолошкиот гигант веќе биле предадени на судот.

Сепак, останува да почекаме и да видиме дали судот во Велика Британија ќе застане на страната на корисниците, или пак на технолошкиот гигант.

Loading…
Loading...

Related posts