Uncategorized

Минималната плата во Македонија ќе се зголеми за 20%

ECA

Законот за минимална плата ќе претрпи измени и ќе има нејзино зголемување за околу 20 отсто.

Ова го истакна министерот за труд и социјална политика Ибрахим Ибрахими по работната средба со претставници на репрезентативните синдикати во Македонија. Посочи дека станува збор за првични разговори меѓу претставниците на синдикатот и Министерството за зголемување на минималната плата.

– Она што првично утврдивме е дека има простор, има желба за зголемување на минималната плата и верувам дека во брзо време во дополнителните разговори со другите претставници на синдикатите, со КСС, со работодавачите, ќе најдеме заеднички модус, заедничко решение за зголемување на минималната плата за околу 20 проценти- вели тој.

skopjeinfo.mk

Loading...