vesti24.mk
Uncategorized ВЕСТИ ВРЕМЕНСКА ПРОГНОЗА

МНОГУ ТОПЛО И ЕКСТРЕМЕН УВ ИНДЕКС – КРАЈНА ПРЕТПАЗЛИВОСТ НА СИТЕ ГРАЃАНИ!

ECA

Територијата на нашата држава се наоѓа под влијание на многу топла воздушна маса која продура од јужните географски широчини и истата условува екстремно висока вредно на уве индексот ( коефициент од 10 до 11) како и многу високи температури на воздухот кој ќе се искачуваат во интервалот од 27 до 34 степени.

Времето ќе биде сончево и многу топло со умерена локална облачност додека во попладневните часови особено на планинските места но и во оните населени места кој се во близина на планините ќе има локален развој на нестабилна облачност проследена со пороен дожд, грмежи и засилување на ветерот.

Не се исклучува можноста и за ретка појава на град.

Услови за краткотрајна нестабилност проследена со локален краткотраен пороен дожд и грмежи ќе има и во Скопскиот регион.

Нестабилно со услови и за локално НЕВРЕМЕ ќе продолжи и во следните неколку дена.

За подетални информации контактирајте ме на мојот официјален фејсбук профил каде можете да ја погледнете и секоја ново – обновена временска состојба – СЛАВЧО ПОПОСКИ.

Loading…
Loading...

Related posts