Uncategorized

Модна елита помеѓу спортистите – кои се најдобро облечени фудбалери? (фото)

ECA
Во минатото, фубалерите не обрнуваа многу внимание на својот изглед, но се чини дека во последно време тие се помалку прават модни утки. Повеќето европски фудбалери денес изгледаат совршено во своите модни комбинации, а очигледно е дека голем дел од своето време го трошат грижејќи се за својот изглед. По се изгледа дека славната Коко Шанел била во право кога велела „за да бидете незаменливи, морате да бидете различни“, овие момци дефинитивно се.

Девјвид Бекам со сигурност е најпрепознатлив во светот на фудбалот и модата. Иако во минатото доста често правеше модни утки, денес тој е рамо до рамо со својата сопруга Викторија Бекам, вистински трендсетер. Често лансира трендови со леснотија, нешто што на другите не им оди баш од рака. Бекам често ги менува и своите фризури, а подеднакво добро изгледа во бела маица и фармерки, но и во совршено скроено одело.

Грацијано Пеле е Италијанец, а многу добро знаеме дека тие се секогаш поврзани со модата. Ако се земе во предвид колку заработува, не му е тешко добро да изгледа. Но сепак, не е секогаш така бидејќи можете да ги имате сите пари на светот, но стилот не може да се купи. Пеле дефинитивно знае како да се носи, препознатлив по залижана коса, а често пати виден во одело или смокинг. Има впечатлив стил, а естетиката едноставно му е во гените.

Џејми Редкнап е дефинитвно фудбалер кој знае да се облече. Обично носи одело кое е негов заштитен знак, во различни бои, црно, сино или пак светло сива боја. Внимание посветува на својот изглед до таа мера што ретко може да го видите да носи каиш на панталоните, а тоа го прави неговиот стил минималистички, остар и чист.

Андреа Пирло е поранешен италијански репрезентативец, односно попривлечна верзија на Чак Норис. Внимателно комбинирајќи хипстерски  и вистински кул начин на облекување, Пирло го усоврши она што Италијанците го нарекуваат “sprezzatura“, одосно како што би рекле ние – лежерно. Токму поради тоа го освои своето моесто на модното небо во светот на фудбалот. Андреа дефинитивно припаѓа на модната елита бидејќи секогаш знае да се облече за секоја прилика.

Тјери Анри исто така спаѓа во групата на беспрекорно облечени фудбалери. Дури и навивачите на Спарс, лутиот ривал на Арсенал, признаваат дека негов најлош изглед е оној кога носеше црвена маица, односно дресот на Топџиите. Иако е во пензија, Анри се уште е модна икона и секогаш знае добро да се облече, совршено одело, плус француски нагласок, што да кажеме освен “Tjeri, Je t’aime!”

Кристијано Роналдо има стил на облекување, а неговата самоувереност го прави да изгледа уште подобро. Можеби имаше повеќе модни утки во минатото, но до денес работеше многу на себе. Повеќето мажи не можат да се пофалат дека изгледаат добро во светљуцаво одело, но не и Роналдо. Одлично му стои морнарско плаво одело и шорцеви во флуросцентно жолта боја. Кристијано е име за кое копнеат сите големи брендови бидејќи се што носи е рецепт за успешен бизнис. Во 2013-та година лансираше и свој бренд „CR7“, а денес сите мажи кои сакаат да го копираат стилот на Роналдо, можат да најдат повеќе од 50 артикли со негов потпис.

makedonijadenes

Loading...