vesti24.mk
ЗАБАВА ЉУБОВ И СЕКС

Може ли да сте вљубени во двајца мажи истовремено?

ECA

Многу луѓе можат да имаат чувства за две лица истовремено, но она што прашуваме е дали може да сакате две личности во исто време? Одговорот е да според Рамани Дурвбасула, професот по психологија на универзитетот UCLA. Ние сметаме дека љубовта има само еден вкус но навистина има многу повеќе. На пример чоколадото и јагодите се сосема различни но двата вкуса се одлични.

Како се случува љубовниот триаголник?

„Ние сме сложени и комплицирани суштества и затоа е сосема нормално две различни личности кои поседуваат два различни карактери и тие да влијаат на нас“ – истакнала Рамани. Како што растете и се развивате во единка така со времето можете да наидете на луѓе кои ве привлекуваат и дополнуваат различни ваши аспекти.Едноставно, привлечноста меѓу луѓето е биолошко искуство. Може да се случи иако сте во долга и сериозна врска да запознаете некоја личност на работа која го подига нивото на хормони кај вас. Или може да излегувате во повече мажи и да сфатите дека одеднаш двајца ве привлекуваат.

Што да правите ако сте заљубена во двајца?

Кога помеѓу двајца мажи треба да одберете еден кај вас се јавува растревоженост и тоа станува едно збунувачко искуство.Продолжете да истражувате и дознајте кои се нивните афинитети, како и плановите кои ги имаат во врска со вас. Отворените врски не се баш најдобро прифатени во друштвата но во овој момент таа најдобро ќе ви одговара. Правилата на отворената врска може да ве водат кон отворен разговор кој не нема никакви граници.

За оние кои се повеќе за традиционални врски и сакаат да и се посветат само на една личност, имаме еден совет.

Според психиологот Рамани „Знам дека ова е ужасен предлог но е многу добронамерен. Направете список на предности и мнаи кои ги поседува вашиот партнер и бидете искрени кога че ги запишувате. Пред се обрнете внимание на овие работи:Вие сте моментално заплеткани во вртлог на страсти и бран на емоции, но несебичната, цврста и јака љубов секогаш победува на крајот.Размислете на овој начин: Кој сто посто ќе биде покрај вас кога ќе бидете болни? Кој ќе ве сака без обзир на што може животот ќе ви донесе?“

извор:курир.мк

Loading...

Related posts