Uncategorized ЗАБАВА

Момче од Аргентина одлучи да реагира малку поразлично откако ја “улови” својата девојка како го изневерува на забава

ECA

Уловувањето на туѓиот партнер со друга личност е дефинитивно една од најопасните работи на светот. Сепак, ова момче од Аргентина одлучи да реагира малку поразлично откако ја “улови” својата девојка како го изневерува на забава. Тој не бил насилен, не се обидел да се одмаздува, само направи едно “селфи” со својата девојка и момчето со кое го изневери.

Маријано има 20 години и доаѓа од Куилмеса во Буенос Аирес и излегол на забава без својата девојка, но сфатил дека таа е на истата забава кога во еден момент ја здогледал со друго момче. Тој забележал како се бакнуваат и одлучи да застане до нив и да направи “селфи фотографија”. Тоа е сигурно многу попаметно од она што многумина го прават, а фотографијата ја објавил на социјалните мрежи.

“Мојата девојка (сега поранешна) не сфати дека сме дошле на иста забава”, напиша тој на фотографијата.

Очиледно девојката на Маријано не знаела дека ја уловил како го изневерува сè додека не ја погледнала фотографијата на Твитер.

Тоа не е сè: Откако нејзиното неверство стана вирално, девојката одговорила на неговиот твит со намера да го оправда инцидентот.

Во пораката девојката вели: “Бев многу пијана, а тоа момче започна да ме бакнува, ми кажуваше убави работи и не знам како дојде до тоа. Многу те сакам и сакам да сум со тебе”, а на тоа Маријано ѝ одговори:

“Можеше малку повеќе да се потрудиш”.

Loading…
Loading...

Related posts