vesti24.mk
ЗАБАВА

Момче се опијанило на екскурзија, а потоа се јавиле на мајка му: Тоа што ја натерале да го направи ги зачуди сите

ECA

Мајка од Макарска, Хрватска, била повика од професорите да патува до Прага за да си го земе синот кој се опијанил на матурската екскурзија.

Како што пишува „Слободна далмација“, станува збор за преседан бидејќи вакви ситуации не се случуваат често. Досега се случувало ученици поради болест или некоја друга сериозна причина да бидат испратени дома за време на ексурзиите, но не и поради пијанство, коешто е честа појава за време на ваквите патувања на матурантите.

Професорите тврдат дека постапиле согласно со правиликот за настава, кој е регулиран со протокол.

-На водачот на екскурзијата му предложив да почека до изутрината за да се отрезни ученикот, но таа одби бидејќи сметаше дека оваа мерка ќе биде предупредување и за другите ученици. Повеќе не можам да ви кажам за случајот, вели професорката Нада Шимиќ.

По пијанството со момчето, во хотелот останал неговиот класен раководител, а останатите ученици заминале во рагледување на градот. Околу 13 часот во Прага пристигнала и мајката на момчето, која пропатувала 1 100 километри за да го земе својот син дома.

извор:курир.мк

Loading...

Related posts