Uncategorized

Му подавам рака на Иванов

ECA

„Подготвен сум да простам“, рече вечерва лидерот на СДСМ, Зоран Заев во дебатниот магазин Клик Плус на тв 21.

Тој очекува следната недела претседателот Ѓорѓе Иванов да го додели мандатот, бидејќи како што рече добил информации дека одлуката од мнозинството е стигната и од понеделник или вторник ќе почнат да течат десетте дена, за време на кои претседателот Иванов е должен да го даде мандатот, рече Заев.

„Ако тоа е потребно, му подавам рака на Иванов, за доброто на Македонија“, рече лидерот на СДСМ.
Заев на новинарско прашање одговори дека Груевски ги зајакнал интеретничките односи во Македонија и дека тој „капитал“ треба да се искористи.

Мф/ВМ

Loading...