vesti24.mk
Uncategorized

Намелено индустриското производство

ECA

Индустриското производство во април годинава е намалено за 1,9 отсто во споредба со истиот месец од претходната година, а во првите четири месеци е пониско за 1,6 отсто во однос на истиот период од лани.

Според податоците на Државниот завод за статистика, индустриското производство во април годинава во споредба со истиот месец лани во секторот Рударство и вадење камен бележи пораст од 2,9 отсто, во секторот Преработувачка индустрија има опаѓање од 2,8 проценти, а во секторот Снабдување со електрична енергија, гас, пареа и климатизација пораст од 1,2 отсто.

Според главните индустриски групи, производството во април 2017 година, во однос на април 2016 година, бележи пораст кај Енергија за 0,4 отсто и Капитални производи за 2,8 проценти, додека опаѓање бележи кај Интермедијарни производи, освен енергија за 1,2 отсто, Трајни производи за широка потрошувачка за 9,1 и Нетрајни производи за широка потрошувачка за 5,2 отсто.

Loading...