vesti24.mk
ЗАБАВА

Направете пролетна генералка: Не на домот туку на себе

ECA

Кога пролетното сонце ќе светне и ќе навлезе во нашиот дом, прво што забележуваме е дека е време за генерално чистење.

Сигурно сте забележале дека постојано мислите на нешто, следите листи со обврски, се тркате со времето, ја надополнувате листата на обврски и ги менувате приоритетите. За успешно да го направите тоа, постои и нешто многу практично и се вика водење дневник.

Тоа не мора да биде популарниот дневник, ниту да има фенси дизајн. Доволно е само да го запишете она што ви е постојано во глава, без да следите формати и упатства за боење.

Едноставно, следете ги овие чекори:

1. Запишете што треба да направите и  што мора да направите. Дури потоа преминете на она што сакате да го направите.

2. Утврдете зошто го правите секое од тие нешта. Запрашајте се дали воопшто сакате да ги правите.

3. Заклучете што од тоа е навистина важно и витално за вас, па направете листа на приоритети.

4. Направете план за она што следи понатаму.

5. Правете ревизија секој ден на она што е ново во вашиот ум и комбинирајте го со веќе постоечките точки на листата.

извор:курир.мк

Loading...

Related posts