vesti24.mk
ВЕСТИ МАКЕДОНИЈА

„Напредокот на Македонија кон ЕУ да не се условува со работата на мешовитата комисија, Делчев е Македонец кој се борел за самостојна Македонија“

ECA

Сметам дека на Македонија треба да и се дозволи самостојно да си ја гради својата историографија. Затоа што нашиот однос кон Гоце Делчев е како кон еден темел на македонската државноста. Тој темел на македонската државност не треба да е делив. Значи Гоце Делчев се жртвувал, работел, се борел и загинал за самостојна Македонија, вели пратеникот и член на Извршниот комитет на ВМРО-ДПМНЕ Антонијо Милошоски, во вечерашното гостување во емисијата „Само интервју“ на Канал 5 телевизија.

Милошоски посочи дека системска грешка е што во Договорот е дозволено двајцата министри за надворешни работи, македонскиот и бугарскиот да го имаат завршниот збор за мешовитата комисија.

Според мене доколку се дозволи мешовитата македонско-бугарска комисија да работи без притисоци, да не биде работата на комисијата условена од напредокот на Македонија кон ЕУ, да не биде преокупацијата на Софија – Скопје во нивните односи, тогаш може да се дозволи да си работат, да има повеќе размена на студенти, информации, рече Милошоски

Видете грешката во договорот и на тоа напоменавме што им е дадена можност на двајцата министри за надворешни работи, македонскиот и бугарскиот на крајот да го имаат финалниот збор дали работата на комисијата била успешна или неуспешна. Тоа е системска грешка во договорот и тоа не треба да е така, смета Милошоски.

Милошоски, истакна дека никаде во договорот помеѓу Македонија и Бугарија не стои гаранција дека доколку Македонија би прифатила се ќе стане членка во Европската Унија.

Прочитајте го договорот и кажете во кој член од договорот ја гледате гаранцијата дека ние ќе станеме членка на ЕУ. Значи ние утре и да прифатиме се, и Заев да потпише и да ги фрли костените во оган и да прифати Бугарската собраниска декларација да стане дел од преговарачката рамка, ние немаме гаранција како држава дека за 5, 10, или 15 години ќе станеме членка на ЕУ, истакна тој.

извор:курир.мк

Loading...

Related posts