vesti24.mk
ЗАБАВА

НАСА лансираше сателити што ќе ги следат климатските промени

ECA

Двата сателита од новата мисија на НАСА за набљудување на климата се речиси подготвени за погон, соопшти Агенцијата, додавајќи дека ласерите се веќе успешно активирани и работат според очекувањата.

Мисијата под наслов „Експериментално следење на гравитациската обнова и климата“ (Gravity Recovery and Climate Experiment Follow-On – ГРАЦЕ-ФО) не е нов проект, само што сега е надграден со два сателита кои содржат современа, попрецизна технологија. Сателитите беа поставени во Земјината Орбита на 22 мај со ракета на Спејс Икс. Нивната задача е да ги следат гравитацијата, нивото на водата на планетава, како и топењето на ледените површини.

Технологијата се разработува веќе една деценија и првпат се практикува во реални услови. Тестирањата ќе траат уште неколку седмици, а потоа следува и официјалниот почеток на мисијата.

МИА

извор:курир.мк

Loading...

Related posts