vesti24.mk
ЗАБАВА ТЕХНОЛОГИЈА

НАСА откри природен начин за создавање вода на Месечината

ECA

Научниците од Американската вселенска агенција НАСА објавија соопштение во кое се вели дека успеале да пронајдат формула со која можат да создадат вода на површината на Земјениот природен сателит – Месечината.

Во соопштението на НАСА се наведува дека честичките кои ги носи т.н. сончев ветер ја удираат површината на Месечината, а при одредена брзина ударот создава погодни услови за спојување на водород и кислород – елементите за создавање на вода.

Експертите со помош на компјутерска симулација прикажаа како се доаѓа до производство на атом на водород преку интеракција на протон и електрон, а потоа атомот на водород се спојува со атоми на кислород кои поради бурната реакција се одвојуваат од молекулот SiO2, кој се наоѓа на Месечевата површина.

Научниците тврдат дека за предизвикување на таква реакција за создавање на молекулите OH или H2О е потребно наелектризираните честички да удираат во површината на Месечината со брзина од 450 км/ч. Само при таков удар честичките можат да испровоцираат реакција за издвојување на кислородот од молекулите на површината на Месечината.

НАСА физичарот Вилијам Фарел рече дека секоја површина има потенцијал да произведува вода доколку биде изложена на сончеви ветрови. Деталниот извештај со истражувањето ќе биде објавен во магазинот JGR Planets.

извор:курир.мк

Loading...

Related posts