vesti24.mk
ЗАБАВА

Научник планира да се самоубие: Мојата порака е…

ECA

Австралискиот научник Дејвид Гудал (103) допатувал во Швајцарија каде што планира кон крајот на оваа недела да изврши самоубиство со помош на лекари.

Научникот е непокорен во своите намери и се надева оти со тоа ќе испрати порака кон Австралијанците.

-Пораката која би сакал да ја испратам е: Еднаш кога некој ќе помине 50 или 60 години, би требало да биде слободен да одлучува за себе, дали сака да живее или не, рече Гудал откако слетал на аеродромот во Базел.

Австралискиот научник планира утре да се состане со лекар во Швајцарија, а в среда да одржи конференција за новинари.

Швајцарија е една од земјите кои се најтолерантни кога станува збор за самоубиство со помош.

извор:курир.мк

Loading...

Related posts