vesti24.mk
БИЗНИС ВЕСТИ

Нафтената платформа на Мијалкови расте со нови компании

ECA

Ослободен од спрегите на државната функција која ја извршуваше десет години, а која ја обележаа и аферите со неговиот имот во Чешка, во ситуација во која во државата владее хаос, Мијалков го шири бизнисот со нафта. Документите од државните институции до коишто дојде НОВАТВ покажуваат дека семејството Мијалкови по стекнувањето лиценца за трговија со нафата отвориле нова фирма за транспорт.

Двете компании на семејството Мијалкови се регистрирани во Дебар маало, на улица Орце Николов 71/1, на иста адреса со Дирекцијата за задолжителни резерви на нафта и нафтени деривати и Агенцијата за стокови резерви.

НОВА ТВ преку сервисот за информации на телефонскиот број 188 се обиде да го добие телефонскиот број на фирмата регистрирана на оваа адреса. Од таму ни рекоа дека единствена регистрација на број има Агенцијата за стокови резерви, но сепак го побаравме бројот во случај да има настанато некаква грешка. Се јавивме на бројот кој ни го дадоа од информации и побаравме да не поврзат или со „Поинт оил петрол“ или пак со „Бес веј инвестмент“. Девојката која ни се јави на телефон, рече дека се јавуваме во Агенција за стокови резерви и дека такви фирми не постојат на таа адреса.

Другарите на младиот Мијалков управуваат со фирмите

На двете фирми чии сопственици се семејството Мијалкови, управители се другари на Јордан Мијалков. На фирмата „Поинт оил транспорт“, управител е Стефан Тодоровски, роден 1985 година, чие единствено вработување досега е во фирмата „Макпоинт“.

Директор на „Бест веј инвестмент“е 25 – годишниот Илија Тозија, кој приватно е пријател на Јордан Мијалков. Дел е од раководството на младите сили на ВМРО-ДПМНЕ, а членува и во Надзорниот одбор на Државната видео лотарија како претставник на капиталот на владата.

извор:либертас

Loading...

Related posts