vesti24.mk
ВЕСТИ МАКЕДОНИЈА

Наш најголем непријател – ова се знаците како да препознаете дека се соочувате со огромен стрес

ECA

Живееме во време во кое не постои личност која не се соочува со стрес. Но, тој е различен кај секој од нас. Некои луѓе имаат негативни мисли, други се често загрижени, а трети пак имаат и физички ефекти од стресот и тој влијае на нивното здравје.

Соочувањето со стресот може да биде многу негативно на долг рок, а голем број истражувања покажуваат дека многу од луѓето не се ни свесни дека се под огромен стрес.

Треба да знаеме дека секогаш кога ќе се соочиме со стрес, а не се справуваме директно со тоа, тој се наталожува во нашето тело. Нашите тела се навикнати да се под стрес во времето во кое живееме, но мораме да најдеме начин да ги минимизираме неговите ефекти.

Ова се знаци кои покажуваат дека сме под огромен стрес.

Недостаток од концентрација и фокус

Кога се соочуваме со стресот, можеме да дојдеме до ситуација да имаме тешкотии да се сконцентрираме. Тоа особено се случува кај луѓето кои имаат многу работа и кои немаат ни време вооопшто да размислуваат дали се под стрес. Но, по некое време тој ја напаѓа концентрацијата и фокусот.

Несоница и проблеми со спиењето

Телата кои се под огромен стрес се стегнати и имаат огромен проблем да се опуштат и да ни дозволат мирно да заспиеме навечер. Дополнителен проблем се јавува и тоа што и мозокот ни е преоптоварен со многу нешта. Голем дел од луѓето кои се соочуваат со огромен стрес исто така се будат во текот на ноќта.

Проблеми со стомакот

Можеби звучи чудно, но стресот предизвикува голем број на проблеми кај луѓето кои се поврзани со стомакот и желудникот. Кога стресот зема огромен замав, голем дел од нас се соочуваат со проблеми со варењето и метаболизмот и кога тој проблем не се решава, создава долгорочни проблеми поврзани со нашето здравје.

извор:курир.мк

Loading...

Related posts