vesti24.mk
ЗАБАВА

Најголемиот измамник и неговите лаги: 20 години глумел дека е професионален фудбалер, а немал поим од игра (ВИДЕО)

ECA

Карлос Кајсер е најголемиот измамник во историјата на фудбалот. Полни 20 години успеал да игра за некои големи бразилски тимови, а немал никаков талент за фудбал.

Кајсер, кој подоцна беше познат како “лажниот фудбалер”, отсекогаш сакал да биде фудбалер, а единствениот проблем бил што не знаел да игра фудбал.

Својот проблем го решил на едноставен начин. Се спријателил со многу познати фудбалери како Карлос Алберт Торес, Рикардо Роше и Ренато Гаух. Кога тие ќе потпишеле договор со некој клуб, им го препорачувале и Кајсер.

Тој, благодарејќи на градбата слична на повеќето фудбалери добивал пробни договори, а потоа на главните претставници на клубот им објаснувал дека потребни му се неколку недели за да се врати во форма. Кога ќе дошло време да игра, веднаш му ја додавал топката на првиот слободен играч кој ќе го видел и потоа глумел дека бил повреден. Тоа било успешно, бидејќи во 80 години медицинската технологија не била толку развиена, па лесно можел да глуми дека е сериозно повреден. Така успевал по неколку месеци да игра за бројни клубови.

“Не ми беше дојдено до игра, само сакав да се забавувам. Кога и да ме испратеа на терен им велев дека имам тешки болки, не можеа да докажат дека лажам”, рекол за FourFourTwo.

Неговите поранешни соиграчи откриваат дека имал шарм и харизма на која тешко било да се одолее, а благодарејќи на тоа и статусот на славен фудбалер имаше голем успех и со жените. Наводно во својата кариера спиел со повеќе од 100 жени. Околку него постојано имало преубави дами кои им ги носел и на другите фудбалери и така стекнувал нови пријателства. Од него никогаш немало никаква корист на терените, а во слободното време бил незаменлив.

Докторите и тренерите едноставно заклучувале дека нема среќа со повредите, а дури се снабдил и со лажен телефон и со него на англиски “разговарал” со други клубови кои наводно му нуделе трансфер.

Во една прилика, додека играл за бразилскиот Бангу, после вообичаено глумење дека е повреден се случи тренерот повторно да го внесе во игра поради недостаток на играчи.

“Се сеќавам дека навивачите постојано го навредуваа тренерот и претседателот на клубот па точно пред влезот во играта влетав во трибините и запонав да ги навредувам навивачите. После тоа веднаш добив црвен картон”, вели тој.

Бесниот претседател на клубот го повикал на разговор веднаш после натпреварот, а Кајсер му рекол дека еднаш изгубил татко и дека него го смета за втор татко.

“Не можев да дозволам некој да го нарекува мојот татко крадец и измамник”, рекол Кајсер, а претседателот наместо казна му дал нов договор.

Кариерата ја завршил после 20 години по своја волја. Настапил на 30 натпревари и никогаш не дал ниту еден гол.

извор:курир.мк

Loading...

Related posts