vesti24.mk
ЗАБАВА

Најпопуларните автомобили на Instagram

ECA

Социјалните мрежи станаа најдобар рекламен простор, но и платформа за лична и бизнис промоција. Ако сакате да споделите фотографија со автомобил, најдобро место за тоа е Instagram.

Секој ден се објавуваат стотици милиони фотографии во Instagram просторот, а меѓу нив сѐ почесто има фотографии со автомобили од сериско производство, но и преработувани и персонализирани модели.

Апсолутен крал на Instagram, а според тоа и автомобил кој очигледно има освоено најмногу фанови, е Ford Mustang.

Осигурителната компанија Veygo направи пребарување на Instagram и најде 11.947.972 објави под хаштаг #fordmustang и #mustang.

Второто место го зазеде Honda Civic со 7.402.365 изброени постови, а веднаш зад него е Nissan GT-R.

Во топ 10 влегоа следниве модели: BMW M3, Jeep Wrangler, Chevrolet Camaro, Chevrolet Corvette, BMW M4, Lamborghini Aventador и Audi R8.

извор:курир.мк

Loading...

Related posts