vesti24.mk
ЗАБАВА

Неверојатна филмска потера: Сакала да побегне од полицијата, но тоа што и се случило на крајот ќе ве вџаши (ВИДЕО)

ECA

22-годишната Бритни Никол Џефордс имала сообраќајна несреќа во Ефингам во Јужна Каролина, меѓутоа, одбила да застане, па уследила вистинска филмска потера.

Полицијата објавила снимка на која се гледа потерата по 22-годишната девојка, а на крајот бил забележан и катастрофалниот судир.

Кога одбила да го сопре возилото, на кратко попуштила пред полициските барања на еден паркинг, каде полицајците успеале да го уапсат нејзиниот сопатник.

Токму во тој момент, девојката „згазнала на гасот“ и побегнала. Меѓутоа, кога полицискиот автомобил ја „закачил“, нејзиното возило се превртело неколку пати.

Може да се види и како девојката излетала од автомобилот. Џефордс по несреќата била префрлена во болница.

извор:курир.мк

Loading...

Related posts