vesti24.mk
Uncategorized

Неговите модели ги носат Ким Кардашијан, Бијонси и Кендал Џенер – Македонскиот дизајнер Тони Матичевски го освојува светскиот пазар!

ECA
Тони Матичевски е еден од најпознатите модни дизајнери со македонско потекло. Во 1999 година го создава својот бренд „Матичевски“ и успева да влезе во кремот на модниот дизајн.

Четриесетгодишниот дизајнер веднаш по завршувањето на факултетот за моден дизајн својата кариера ја започнал во Дона Каран во Њујорк, каде што не прифатил да продолжи да работи, туку се преселил во Париз и работел во „Серути“. Во 1998 година во Мелбурн решил да започне сопствен бизнис и ја основал својата модна куќа, а во 2002 година ја добил престижната награда за најдобар млад дизајнер.

Неговите модни колекции ги презентира на најпознатите модни настани ширум светот, како што се Модната недела во Њујорк и Модната недела во Мелбурн. Од неодмна во својата модна куќа додаде и линија за машка облека и за невести, а неговите женски модели  на црвениот килим веќе ги облекоа многу познати светски ѕвезди како Бијонси, Роуз Бирн, Лили Колинс, Ким Кардашијан која е негов голем обожавател, нејзината сестра Кендал Џенер, Кејт Аптон, Лејтон Мејстер ( Блер од „Озборувачката“), Пријанка Чопра, Пола Абдул и уште многу популарни дами од шоубизнисот.


makedonijadenes

Loading...