ЗАБАВА ХОРОСКОП

Неделен хороскоп: Овој хороскопски знак има проблем со самодовербата, а еве што го очекува лавот

ECA

Втората недела од ноември носи многу изненадувања.  Близнаците и Шкорпиите ќе почнат нова врска, Лавовите се заљубуваат, Девиците ги очекуваат финансиски проблеми.

Прочитајте го хороскопот за оваа недела.

Овен

Очекувајте парична заработка. Самиот почеток на ноември ќе биде успешен на полето на работата.

Обрнете внимание на промените на расположението, бидејќи на вашиот партнер тоа не му одговара.

Избегнувајте пороци.

Бик

Се сомневате во многу работи, па  во колегите на работа. Немојте да бидете толку скептични.

Овој период не е поволен за врска.

Можен е грип.

Близнаци

Имате проблем со самодовербата. Кога тоа ќе го решите, ќе си ја подобрите ситуацијата на работа.

Подгответе се бидејќи ви се насмевнува врска со една Девица, Шкорпија или Јарец. За Близнаците кои се во врска следи потежок период.

Не барајте утеха во храната.

Рак

Подготвени сте на големи ризици во однос на работата.

Не сте подготвени да се препуштите на љубовта. Полека се заљубувате во еден Лав.

Намалете го алкохолот.

Лав

Почнувате со нова работа. Секој почеток е тежок, но вие умеете да се покажете добро. Не ја губете вербата во себе.

Ви се насмевнува сладок ноември. Постои голема шанса да се заљубите.

Водете повеќе сметка за здравјето.

Девица

Ве очекуваат финансиски проблеми. Обрнете внимание на тоа.

Не размислувате рационално кога станува збор за љубовта.

Вежбајте повеќе.

Вага

Бидете подготвени за нови почетоци на полето на работата. Ќе ви биде потребна поддршка од една Шкорпија, Риби или Јарец. Внимавајте на Овните и Лавовите.

На полето на љубовта ве очекува хаос. Можна е љубовна врска со некој кој работи со вас.

Внимавајте на настинки.

Шкорпија

Време е да почнете да го правите тоа што подолго го планирате. Тоа е нова работа или нов бизнис.

Можна е тајна врска со личност која ви се допаѓа веќе подолго време.

Спијте повеќе.

Стрелец

Ви се насмевнуваат нови работни понуди. Не знаете точно што сакате.

Добро се сложувате со еден Рак или Девица, но не сте подготвени за врска во јавност.

Добро се чувствувате.

Јарец

Внимателни сте кога станува збор за работата. Се сомневате во се и сешто.

Ви недостасува спонтаност кога станува збор за љубовта. ќе ви се допадне една личност.

Пијте повеќе течности.

Водолија

Преземате нови професионални потфати, а сега сте покреативни од било кога. Вистинско време е да покажете колку вредите.

Во љубовта, заинтересиранис те за Рак, Девица или Шкорпија.

Земајте витамини.

Риби

Финансиската ситуација полека се стабилизира.

Љубовта цвета бидејќи сте посветени на една личност.

Имате проблеми со дишењето.

извор:курир.мк

Loading...

Related posts