vesti24.mk
ЗАБАВА

Неколку работи кои лицата со нулта крвна група мораат да ги знаат

ECA

Лицата со нулта крвна група имаат за девет проценти помал ризик од инфаркт, наведуваат експертите.

Експертите од медицинскиот факултет во холандскиот Гронинген сметаат дека лекарите во иднина би требало да ја вклучат и крвната група меѓу факторите за проценка на ризикот за развој на крдиоваскуларните болести.

Научниците спроведоа големо истражување за кардиоваскуларните болести и нивните крвни групи, во кое биле вклучени повеќе од 1,3 милиони возрасни лица од девет различни студии.

Кога ги исклучиле вообичаените фактори кои доведуваат до развој на кардиоваскуларни болести, заклучиле дека луѓето кои имаат крвна група нулта имаат за девет проценти помал ризик од лицата со крвна група А, Б и АБ.

Лицата кои ја имаат оваа крвна група имаат поголема концентрација на протеинот за згрутчување на крвта- што предизвикува создавање на тромб.

Научниците, сепак, напоменуваат дека се потребни дополнителни истражувања за попрецизно да се утврди врската меѓу крвните групи и зголемениот кардиоваскуларен ризик.

Резултатите од истражувањата се претставени на годишниот собир на Европското друштво на кардиолози во Париз.

извор:курир.мк

Loading...

Related posts