vesti24.mk
ЖИВОТ

Неколку чекори до подобра позиција на работа!

ECA
Како да бидете забележани на работа кога сите се борат да си ја задржат својата позиција или да одат чекор понапред, како да го покажете своето знаење, својата желба за напредок, како да се промовирате себе си а тоа да биде на вешт начин без да повредите некого или “наместите” некого.

Она што го знаете, треба да го покажете, а некогаш и да излезете во пресрет иако тоа не е во вашата агенда на дневните обврски, активности и задачи. Исто така, колку повеќе се прикажувате како човек во кого може да се има доверба во секое време, толку повеќе поени ќе собирате.

Бидете малку проактивни и презентирајте ги вашите идеи, покажете креативност, труд и подготвеност да се направи нешто ново или да се придонесе за подобрување во вашата бранша.

Можеби ќе ве изненади следниот чекор ама нема да погрешите ако дадете издржан комплимент за добро завршена работа на својот колега. Ценете ги постигнувањата на своите колеги и фалете ги (умерено) пред шефот. Ќе им стане пријатно и за возврат може да ве пофалат.

Иако општо мислење е дека надредените ги сакаат оние кои молчат, не е така. Кажувајте што мислите, покажете дека имате компетентна позиција со која можете да придонесете за развојот на компанијата. И секогаш надградувајте се и зголемувајте ги своите вештини, тоа значи не се задоволувајте со она што сте го научиле досега. Овие мали промени во вашата работа сигурно ќе ве однесат до подобра работна позиција. Почнете да работите на промените.

makedonijadenes

Loading...

Related posts