vesti24.mk
ВЕСТИ

Нелоски: Од средбата на Мицкоски со Пендаровски очекуваме уставобранителите конечно да добијат вистинска правда

ECA

Очекуваме дека уставобранителите конечно ќе добијат можност да ја докажат својата невиност, вели претседателот на Градски Комитет на ВМРО-ДПМНЕ, Владимир Нелоски одговарајќи на новинарско прашање за очекувањата од средбата на претседателот на ВМРО-ДПМНЕ, Христијан Мицкоски со претседателот на Македонија, Стево Пендаровски.

Нелоски исто така потенцираше дека време е Зоран Заев да ги тргне рацете од обвинителството и судството за да може уставобранителите да добијат вистинска правда.

– Очекување е да се излезе со заеднички став околу вистинската правда за уставобранителите, и очекуваме да Зоран Заев конечно ги тргне рацете од судството и обвинителството и овие луѓе кои се невини обвинети и за дело кое не го сториле конечно да добијат можност да се бранат и да ја докажат својата невиност, рече Нелоски.

извор:курир.мк

Loading...

Related posts