vesti24.mk
Uncategorized МОДА

Нема како неа, Ким Кардашијан повторно со бесмислена модна комбинација

ECA

Од Ким Кардашијан веќе се навикнавме да гледаме буквално сè, почнувајќи од нејзините чудни модни комбинации, но овој пат повторно се надмина себе.

Папараците ја уловија Ким Кардашијан Вест пред студио во Лос Анџелес во нејзиното најфатално издание досега. Старлетата искомбинирала дуксер, бициклистички, чанта од крокодилска кожа, сето тоа во беж боја, додека на нозете носела црни влечки и сиви спортски чорапи.

Подобар поглед кон своите стапала Ким ни овозможи на својот Инстаграм профил, односно Инстаграм Стори, каде откри дека тоа е дело на нејзиниот сопруг Каније Вест. Тоа секако не требаше да биде изненадување со оглед на тоа дека Ким е подвижна реклама за неговиот бренд Yeezy.

“Најудобните чорапи и влечки”, напиша Ким на фотографијата, а пренесува Index.hr, што можеби е вистина, но не би требало да се носат заедно.

Loading…
Loading...

Related posts