vesti24.mk
ВЕСТИ

Нема морална одговорност кај ниту еден министер, одговорноста заврши кај вработени во Царинската управа

ECA

Суспензија од работното место за двајца царински службеници е досега единстената одговорност за автобуската несреќа која се случи во Бугарија со автобус на „Беса Транс“, а во која животот го загубија 45 македонски граѓани, а седум лица се повредени.

Додека надлежните институции во Бугарија во соработка со македонските тргаат по одговори за тоа како се случила несреќата, јавноста и медиумите бараат одговори за одговорноста и нефункционалноста на институциите.

Имено од Царинската управа доцна синоќа соопштија за мерките кои биле превземени во текот на вчерашниот ден.

-Првичните наоди од внатрешната контрола покажуваат дека на 18.11.2021 година, од страна на царинските службеници електронски не е евидентиран излезот на возилото со регистарски таблички СК0284БА на превозникот БЕСА Транс од Скопје, извршена е само заверка на евидентентиот лист за превоз на патници. За досега утврдените неправилности во постапувањето, за двајца царински службеници кои биле на смена кога возилото излегло од државата, ќе бидат преземени мерки суспендирање од работното место, а за нивниот непосреден раководител ќе следи мерка за санкционирање, се вели во соопштението од Царинската управа.

Од Царина посочија и дека за возилото со регистарски таблички СК 0284 БА на превозникот БЕСА Транс од Скопје, во периодот од 15.10.2020 година до 11.11.2021 година, Царинската управа има евидентирано повеќе преминувања преку граничните премини: ГЦИ Деве Баир, ГЦИ Блаце, ГЦИ Ќафасан и ГЦИ Делчево, за различни видови на превоз, вклучувајќи и евиденција на бројот на Изводот од Лиценцата за вршење на јавен превоз во меѓународниот патен сообраќај – слободен превоз на патници.

Најавуваат дека веродостојноста на овие приложени документи од превозникот дополнително ќе се проверува.

Како автобус без извод од лиценца и неевидентиран во електронската евиденција на издадени лиценци можел најмалку една година да поминува гранични премини и зошто во електронската база не биле проверувани и заведувани податоците, засега нема одговори.

Нема ниту одговорност од министрите. Министерот за транспорт и врски, Благоја Бочварски вели дека не бега од одговорност, но инсистира на разграничување на надлежностите. Прстот го впери кон Царинската управа.

-Ја информирав јавноста за целата состојба што ние ја знаеме. Сега останува да се преземат чекори и мерки од страна на институциите кои треба да ги преземат тие чекори. Јас апсолутно не бегам од одговорност зашто вчера ги кажав сите законски можности и кажав кои се надлежностите на Министерството, која е нашата работа во однос на овој случај. Државниот инспекторат за транспорт треба да биде контрола на терен и на она што го работат министерствата. Ние ја вршиме админситративната работа, ги издаваме лиценцигте, а дали компаниите работат според закон – контролираат инспекциите. Царинската управа, пак, е надлежна за границите. Таму треба да се бараат одговорите. Сите очекуваме, но тоа треба да биде темелно истражено и да се постапува, без притоа некој да биде изземен од одговорност, истакна Бочварски.

Министрите досега изземени од морална одговорност.

извор:курир.мк

Loading...

Related posts