vesti24.mk
ЗАБАВА

Не им го уништувајте детството, кога ќе пораснат нема да се сеќаваат на времето поминато на таблет и мобилен

ECA

Секој од нас би рекол дека навистина им било лесно на нашите родители во минатото. Тие имале помалку грижи, помалку стрес и подобро можеле да се грижат за нас. Не сме играле со таблети и мобилни телефони бидејќи немало.

Тоа е веројатно така.

Модерното време е навистина брзо и стресно, но самите одбираме како ќе живееме  и што ќе им пренесеме на своите деца. Да им го дадеме таблетот додека ние седиме на социјалните мрежи на нашиот мобилен телефон, дали е тоа најдоброто што можеме да го направиме за своите деца?

Можеме подобро.

На децата им е потребно време поминато со своите врсници, квалитетно време поминато со своите родители и време поминато на свеж воздух и во природа. Електронските уреди нема никаде да избегаат. Да се потрудиме да ги минимизираме во животите на децата.

Да поминеме време прашајќи ги како поминал нивниот училишен ден, со какви проблеми и искуства се соочуваат на училиште, какви се нивните пријателства со нивните врсници. Да ги изнесеме во природа, во паркот во нашата населба, на Водно, на кратка прошетка покрај Вардар. Зошто им даваме детство на кое нема да се сеќаваат, поминато на таблет?

Да, времето е брзо и страшно и напорно. Но, тие деца се дел од нашите животи. Тие го заслужуваат најдоброто од нас, потребно е само да бидеме свесни за негативното влијание на технологијата, а позитивното влијание на дружењето со врсниците и природата. Не е едноставно, но барем малку да се потрудиме.

извор:курир.мк

Loading...

Related posts