vesti24.mk
ЗАБАВА

Не ја преминувајте границата: Овие знаци ви кажуваат дека сте станале премногу блиски со шефот

ECA

Формирањето силна врска и блискост со колегите може да ви го подобри животот на работното место. Меѓутоа, кога формирате тесна врска со ваш претпоставен, односно со шефот, таа врска може повеќе да ви наштети отколку да ви помогне, гледано долгорочно.

Психологот Кејти Сноувајз советува да ги разгледате овие знаци и да утврдите дали вашата врска со шефот станала премногу блиска, со цел да си ја спасите работата, професионалноста и личното психичко здравје.

1. Веќе не добивате конструктивни критики за вашата работа

Кога ќе станете премногу блиски со шефот, престанува да ви дава конструктивни критики за начинот на кој работите што ќе доведе до назадување на вашите способности, а него го ставате во незавидна положба пред неговиот претпоставен кога треба да ве „брани“ за лошо завршената работа.

2. Се чувствувате како миленичето на учителката во основно

Ова е обично првиот знак. Откако ќе станете блиски пријатели, вие ги добивате сите пофалби, сите добри задачи, најдоброто место во канцеларијата. Ова е спирала што продолжува надолу во очите на вашите колеги, иако ви се чини дека ви е супер. Заслужете ги привилегиите во однос на вашите колеги.

3. Приватни шеги

Кога со некого се дружите доволно долго време почнувате да развивате свој јазик и систем на шеги со кои се разбирате и функционирате. Речиси е невозможно да го прекинете тоа кога ќе стигнете на работа, па повторно колегите ве гледаат попреку бидејќи вие се разбирате со шефот со поглед и сметаат дека вие имате предност што нема врска со вашата способност.

4. Средбите ви се приватни, не деловни

Повторно се враќаме на последиците по вашата професионалност и способност. Ако вие двајца се гледате повеќе како пријатели отколку како колеги, вашата работа ќе трпи најмногу бидејќи никогаш нема да ви биде завршена.

5. Почнувате да му се обраќате како на другар, не како на шеф

Покрај приватните шеги, уште понепрофесионално е кога ќе му се обратите на шефот без должна почит како кон претпоставен, особено пред другите колеги. Исто така, си дозволувате да спомнете лични работи што ви биле кажани приватно, во работната средина.

Ако успеете да се контролирате и не дозволите вашето пријателство да се одразува на работата, дружете се, но мислете и на себе и својата кариера.

извор:курир.мк

Loading...

Related posts