vesti24.mk
ЗАБАВА

Никако не ја носете оваа боја на интервју за работата- еве што да облечете

ECA

Испитувањето на повеќе од 2.000 експерти за вработување, покажа дека постои една боја која никако не треба да ја носите на интервју за работа.

Се работи за портокаловата боја, која најчесто се поврзува со непрофесионалност.

Како што пишува „Тајм“, иако истражувањето е спроведено во 2013 година, тимот кој го изработил, вели дека овие резултати се релевантни и денес.

Целта на секое интервју е да се искомуницираат вредностите кои ќе ѝ ги донесете на фирмата. Златното правило гласи: „Луѓето нека ве запомнат вас, а не облеката која ја носевте“, советува Мишел Амер од истражувачкиот тим на „Кариер билдер“.

Се препорачува да облечете нешто сино или црно, затоа што тие две бои се поврзуваат со карактеристики на тимски играч, способен да превземе водство.

извор:курир.мк

Loading...

Related posts