vesti24.mk
ВЕСТИ

Николов во Клик Плус: Апсурдни се нападите врз медицинските лица, но за тоа е крив и менаџментот на здравствениот систем

ECA

Членот на Извршен комитет на ВМРО-ДПМНЕ, Игор Николов во синоќешното издание на „Клик плус“ на ТВ21 говореше и за нападите кои се случуваат врз медицинските лица. Николов оваа состојба ја оцени како апсурдна поради тоа што се напаѓаат тие што му помагаат на пациентот но како што кажа тој ако се анализираат ваквите случаи низ годините ќе видиме дека има пораст во последните години а за тоа мора да има причина.

Според Николов,  ако на пациентите навреме се информирани кога ке ја добијат услугата и ако не се држат во неузвесност, нивната нервоза значително ќе се намали.

„Состојбата е апсурдна заради тоа што ни се случува појава да се напаѓаат тие кои што им помагаат на пациентите, односно на барателите на услуга но многу е важно да бидеме реални и да бидеме аналитични. Бројките од  Лекарска комора  кои ги спомнавме пред некое  време покажуваат дека пред  5 години сме имале 5 напади на лекар  а сега имаме годишно а сега имаме 15 само за 2019 регистрирани, што значи дека нешто се случува. Ги спомнавме навиките дека треба да се добие услуга одма и барањето да се добие услуга одма но да бидеме реални, мислам дека доколку пациентите се информирани за тоа кога ќе ја добијат услугата, односно кога нема да бидат во неизвесност со тоа што ќе им се каже, листата на чекање е таа, кога таа ќе биде транспарентна и кога ќе знае дека ќе ја добие услугата, можеби не одма но за два, три, пет саати, степенот на нервоза ќе биде прилично намален. По мене нервозата, незадоволството некој треба да го апсорбира а тој некој треба да биде оној кој што ги менаџира овие множества, а тоа е Министерството за здравство“ рече Николов.

извор:курир.мк

Loading...

Related posts