vesti24.mk
ВЕСТИ

Николоски: Обновата предвидува градење на бренд Macedonia, потребна е агресивна промоција во странство за да знаат луѓето кои сме

ECA

-Во однос на минималната плата ние не сакаме вештачки да поставуваме граници кои што после тоа стопанството ќе може или нема да може да ги постигне. Напротив, тоа треба да оди природно, вели потпретседателот и Носител на листа во изборната единица 4 Алескандар Николоски во вчерашното гостување во емисијата 360 Степени на Алсат М телевизија.

Николоски истакна дека е потребна функционална анализа во јавната администрација додавајќи дека Македонија се соочува со два феномена, првиот дека клучните институции кои се потреби за преговорите со ЕУ не се пополнети или пак имаат недоволен кадар, додека вториот феномен со кој се соочува јавната администрација е превработеноста со кадар што не е потребен.

-Во однос на јавната администрација потребно е да се направи функционална анализа за јавната администрација затоа што во моментот, Македонија се соочува со два феномени, од едната страна клучните сектори кои што ќе ни бидат потребни за преговори со Европската унија не се пополнети или имаат недоволно кадар, а од друга страна има многу сектори кои се превработени со кадар што не е потребен, рече Николоски.

Во однос на подобрување на правосудниот систем, Николоски потенцираше дека е потребно преиспитување на судските процеси, кои што се случиле во минатото истакнувајќи дека тој лично не се согласува со одредени квалификации на случаевите како тој со тероризам укажувајќи дека тој не сака да влијае на никој, но смета дела е претерано.

-Апсолутно партијата не може да се меша во носењето на судските одлуки. Но, треба во едно ослободено судство, правобранителство да преиспита колку одредени судски процеси кои што се случија во минатото беа реално такви. Затоа што факт е дека имаше политички процеси, факт е дека исто така имаше и случаи, со такви квалификации да одат како што одеа на пример со тероризам, јас ќе кажам лично мислење не сакам да влијаам на никој, мислам дека беше претерано. Она што е суштински за владеење на правото е менување на законите коишто се за процесна и парнична постапка затоа што она што фали во моментот на судатвото и обвинителството се јасни рокови и правила.Не смее судење да почнува од почеток затоа што судија “заборава” три месеци да свика рочиште, изјави Николоски.

Николоски нагласи дека од досегашното владеење на СДСМ може да се забележи со нивното брзо предавање. Тој вели дека во Обновата на Македонија е предвидено градење на бренд Macedonia којшто треба да опфати градење на сето она што значи не само култура туку и идентитет.

-Она што недостасуваше од досегашното владеење на СДСМ што многу брзо се предаваа. Ние имаме аргументи, ќе ги споделуваме тие аргументи и низ еден дијалог со нашите партнери јас сум убеден дека Македонците ќе се многу погорди од тоа што се сега.На пример имаме во програмата градење на бренд Macedonia којшто бренд треба да опфати градење на сето она што значи не само култира туки и идентитет. Државата не се бори доволно за сопствениот идентите. Мала држава е Македонија, потреба е агресовна промоција во странство за да знаат луѓето кои сме и што сме. Понатаму, споделување на нашата вистина, Македонија не смее да се откажува од алатките кои што и стојат на располагање во Советот на Европа и ОБСЕ каде што се заштитуваат националните малцинства во сите држави каде што постојат. Понатаму, јазичните права се исто така и мора овие форми на дипломатија да се кпристат, затоа што нема ништо зададено во историјата, секако ако не и овој случај кажа Николоски.

извор:курир.мк

Loading...

Related posts