vesti24.mk
ВЕСТИ

Ниту еден од власта во Македонија не ја честиташе победата на ХДЗ и Андреј Пленовиќ

ECA

Ниту еден функционер од власта денеска не најде време да му ја честита победата на староновиот премиер на Хрватска Андреј Пленковиќ по убедливата победа на синоќешните парламентарни избори, анализира МакПресс.

Дипломатската практика укажува на тоа дека обично, по остварена победа на било какви избори се испраќа честитка до победниците, но за жал тоа денеска не беше сторено ниту од Владата на Република Македонија, ниту од техничкиот премиер Оливер Спасовски, ниту од министерот за надворешни работи Никола Димитров па дури ни од Претседателот на Република Македонија Стево Пендаровски.

До медиумите не беше испратено никакво соопштение со честитка до ХДЗ и Андреј Пленковиќ од прес службите на Владата на Република Македонија и Кабинетот на Претседателот на Република Македонија, а честитка за изборните резулатите не може да се најдe ниту на твитер и фејсбук профилите на Никола Димитров и Оливер Спасовски, пишува порталот.

Единствен од Македонија кој упати честитка до Пленковиќ беше лидерот на опозицијата Христијан Мицкоски кој на својот профил напиша:

Честитки за големата победа на Andrej Plenković и нашата сестринска партија HDZ – Hrvatska demokratska zajednica. Таму одбраа сигурна Хрватска, во Македонија ќе се одбере обнова!, напиша Мицкоски.

Инаку за потсетување, власта се уште молчи за скандалот на директорот на Агенцијата за филм Горјан Тозија кој во коментар ги навредуваше хрватските граѓани и партијата ХДЗ. Иако во јавноста се појавија информации дека поради дипломатскиот скандал тој ќе биде сменет од неговата позиција, сепак тоа не се случи.

извор:курир.мк

Loading...

Related posts