vesti24.mk
ЗАБАВА

Нови докази дека овошјето и зеленчукот се добри за мозокот

ECA

Средовечни мажи кои јадат многу овошје и зеленчук може да намалат шанси за когнитивни проблеми во доцните години од животот во споредба со врсници кои не конзумираат такви намирници често, покажува американско истражување.

Научници следеле скоро 28.000 мажи 20 години и на почетокот биле во просек на возраст од 50 години.

Секои четири години испитаниците пополнувале прашалници за навики при јадење. Тие решавале и тестови за когнитивни функции на 73-годишна возраст.

Научниците регистрирале дека мажите кои јаделе редовно многу овошје и зеленчук во претходните 10 години (кога имале 73 години) имале 17 отсто помалку шанси за умерени когнитивни проблеми како и 34 отсто помали шанси за големи ментални потешкотии од мажи чија исхрана била со малку зеленчук.

Мажите кои редовно пиеле сок од портокал имале 47 отсто помали шанси за големи ментални потешкотии од мажи кои пиеле најмалку од тој сок, објавија научници во списанието Неуролоџи.

извор:курир.мк

Loading...

Related posts