vesti24.mk
ВЕСТИ

Нов пожар во Скопје: Гори од Велеполе кон Кондово и Свиларе

ECA

Пожар избувна вечерва спроти скопското село Љубин кај местото Велеполе помеѓу селата Кондово и Свиларе. Со пожарот е зафатена борова шума.

Противпожарната единица на град Скопје, како што изјави за МИА командирот Владимир Симоновски, на терен интервенира со три возила и 10 пожарникари, а се планира дополнително да биде испратено уште едно возило.

-Се работи за непристапен терен, правиме се пожарот да биде под контрола и да не се прошири кон куќите во Свиларе и Кондово, изјави Симоновски.

Претходно, пожарникарите интервенираа во Љубен каде доцна вечерва целосно го изгаснаа пожарот што зафати поголема површина сува трева и борова шума на потегот кон село Рашче во Општина Сарај.

Во скопско и вчера имаше пожар, во шумскиот реон над населбата Пинтија со него беше зафатена поголема површина мешана шума. (MИА)

извор:курир.мк

Loading...

Related posts