vesti24.mk
ЗАБАВА ТЕХНОЛОГИЈА

Нов скандал со Фејсбук: База од над 400 милиони приватни податоци била достапна за сите

ECA

Експертите за безбедност пронајдоа интернет база на податоци, зачувана во обичен текст, која вклучува милиони записи-  имиња и телефонски броеви на корисниците на Фејсбук.

Фејсбук по којзнае кој пат се најде во скандал околу безбедноста и приватноста на податоците. Овој пат, повторно станува збор за протекување на податоци кои би требало да бидат заштитени, а чувани се во обичен текст, и работата да биде уште полоша биле достапни на сите.

Истражувачот Сануам Џаин од непрофитната организација GDI Foundation пронајде интернет база на податоци која вклучува околу 419 милиони записи на корисници на Фејсбук.

Оваа база на податоци не е криптирана ниту е заштитена со лозинка. Секоја од стотиците милиони записи вклучува кориснички информации како што се име, единствен кориснички ID, земја и град на потекло, датум на раѓање, пол и можеби најважно, телефонски број поврзан со сметката на Фејсбук.

извор:курир.мк

Loading...

Related posts