vesti24.mk
ЗАБАВА

Оваа приказна се крие зад жолтиот фустан од „Ла Ла Ленд“

ECA

Мјузиклот „Ла Ла Ленд“ со Ема Стоун и Рајан Гослинг ги освои срцата на публиката, а како највпечатлива сцена од филмот се издвои онаа која се најде и на плакатот.

Прикажувањето на виолетовото небо, осветлениот град во позадина, Ема и Рајан во танцов занес и препознатливиот жолт фустан, кој на дизајнерката Мери Зофрес и донесе номинација за Оскар.

Се утврди дека кај овој фустан ништо не е случајно, особено бојата.

Како што објани дизајнерката, знаеле дека сцената со танцот ќе биде снимана додека заоѓа сонцето, поради што сакале боја која ќе го истакне истото. Во тоа им помогнала лично Ема.

-Имавме специфична палета на бои за целиот филм. Две години пред снимањето Ема се појави на црвениот тепих во жолт фустан на Версаче. Ја покажав таа фотографија и скицата од режисерот и го прашав „А, ова?“, а тој одговори дека му се допаѓа. Тоа е весела боја. Беше весел момент во филмот. Нашиот инстинкт ни велеше дека е прекрасна, вели дизајнерката.

И останатите детали биле избрани така да одговараат на приказната и ликовите, но и на сензибилитетот на самиот филм.

Фустанот има „коцкесто“ деколте испирирано од илустрација на фустан од триесетите години, а парчето ткаенина од педесетите години на минатиот век имал цветен дезен кој дизајнерката сакала да го „преслика“. И буквално тоа го има направено – платно за жолт фустан со рака насликано.

Тука се и кратките, женствени ракави. Покрај тоа потребно било фустанот да биде доволно комотен за повеќе пригоди – од модерна журка на базен до танцување во ноќта со странец.

-Фустанот одлично и прилегаше на Ема, убаво се движеше и беше соодветна бидејќи Ема денот го започнуваше со забава на базен, објаснува дизајнерката.

извор:курир.мк

Loading...

Related posts