vesti24.mk
ЗАБАВА

Оваа старица има 120.000 следбеници на Инстаграм, нејзините фотографии ќе ве насмеат до солзи (ФОТО)

ECA

Кимико Нишимота започнала да фотографира во 2001. година, кога имала 72 години, во следниот период остварила кариера на која можат да и позавидат фотографите аматери ширум светот.

Како што пишува „Japan Times“, пред да тргне на курс по фотографија, кој го води нејзиниот најстар син, директор на фотографија и дизајн во студиото Јубијук, таа не допрела фотоапарат. Но, Нишимота поранешна фризерка, професионален велосипедист и домаќинка, станала уметник во доцните години.

Денес има 89 години и над 120.000 следбеници на Инстаграм и имала прва самостојба изложба во 2011. година во Музејот на уметност Кумамото.

-Само сакам да работам нешто забавно. Што се однесува до мене, животот е забевен. Гледам низ куќата и секогаш наоѓам интересни работи за фотографирање, рекла Нишимото за „Japan Times“.

Нејзината работа се состои од бизарни автопортрети. Позирала како жаба, мечка, зајак, во костими, се фотографирала во ќеса за смет како лебди во воздухот и виси… Користела различни техники за да се фати себе како лета на метла, брка демони во своите колички или гази автомобили додека опуштено чита весник.

Дел од задоволството кое го чувствувате додека ја гледате нејзината работа е тоа што се гледа колку фотографијата ја прави среќна. Овие фотографии се поврзани со секојдневниот живот на Нишимото и покрај тоа што се апсурнид, делуваат интимно, имате чуство дека ја познавате.

Работата на Нишимота е прикажана неодамна во галеријата Епсон во Токио. Нејзините фотографии објавени се и во книга. Моментално додава фотографии еднаш неделно на социјалните мрежи.

Нишимото вели дека фотографијата и помогнала да се помири со смртта на сопругот и го гледа како хоби со кое ќе се занимава до крајот на животот.

-Ако некогаш станам врзана за креветот ќе продолжам да фотографирам лежејќи, дури и ако тоа значи дека ќе го фотографирам плафонот. Никогаш нема да го испуштам мојот фотоапарат, рекла необичната старица.

извор:курир.мк

Loading...

Related posts